• петок, 14 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Израелски авиони погодија зграда во предградие на Дамаск

Израелски авиони погодија зграда во предградие на Дамаск

Дамаск, 13 март 2025 (МИА) - Израелски авиони денеска погодија зграда во предградие на Дамаск, јави сириската државна новинска агенција.

Два сириски безбедносни извори за светските агенции изјавиле дека цел на нападот бил Палестинец и дека била погодена зградата во која се наоѓало седиштето на палестинската организација Исламски џихад.

Израелската војска веднаш не го коментираше нападот, но воениот дописник на нејзиното радио рече дека израелските авиони го нападнале седиштето на Исламскиот џихад во Дамаск. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан