Израелските медиуми се под „ остар напад“ на Владата, предупредуваат новинари
- Слободните медиуми во Израел се под „многу остар напад“ од десничарската верска коалициска влада на Бенјамин Нетанјаху, предупредија денеска истакнати новинари.
Тел Авив, 4 декември 2024 (МИА) - Слободните медиуми во Израел се под „многу остар напад“ од десничарската верска коалициска влада на Бенјамин Нетанјаху, предупредија денеска истакнати новинари.
Телевизискиот водител Одед Бен-Ами го даде коментарот денеска на вонредниот состанок во Парламентот во Ерусалим, што го свика лидерот на опозицијата и поранешен новинар Јаир Лапид, објави „Тајмс оф Израел“.
Предупредувањата беа предизвикани, меѓу другото, од потегот на Владата да го затвори почитуваниот јавен радиодифузер Кан.
Владата го бојкотира и лево-либералниот весник „Хаарец“ поради контроверзните изјави на неговиот уредник.
„Јавниот радиодифузен сервис во Израел е под постојан политички напад, соочен со закани кои не само што ја загрозуваат неговата независност, туку и неговото постоење во иднина“, рече генералниот директор на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), Ноел Куран. рп/
Фото: МИА архива