• понеделник, 23 декември 2024

Израелскиот министер Бен Гвир се закани дека Нетанјаху нема да има мандат да продолжи да биде премиер ако не го нападне Рафа

Израелскиот министер Бен Гвир се закани дека Нетанјаху нема да има мандат да продолжи да биде премиер ако не го нападне Рафа

Eрусалим, 8 април 2024 (МИА) - Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир денеска се закани дека ќе ја собори Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху доколку тој ја прекине војната во Појасот Газа без да започне офанзива врз јужниот град Рафа.

– Доколку премиерот одлучи да ја заврши војната без напад од големи размери на Рафа за да го порази Хамас, тој нема да има мандат да продолжи да биде премиер, напиша екстремно десничарски политичар на платформата „Икс“.

Заканата на Бен Гвир доаѓа во време на извештаи за можен напредок во индиректните разговори на Израел со Хамас за постигнување договор за размена на заробеници и затвореници и договор за прекин на огнот.

И покрај глобалното негодување поради катастрофалната ситуација во палестинската енклава, израелскиот премиер долго време изразува намера да го нападне Рафа, каде што се засолниле повеќе од 1,5 милиони палестински бегалци. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан