• понеделник, 23 декември 2024

Измените на Законот за здравствената заштита на матичната собраниска Комисија

Измените на Законот за здравствената заштита на матичната собраниска Комисија

Скопје, 22 септември 2023 (МИА) - Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка е единствена точна на дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за здравство.

Како што стои на веб-страницата на Собранието за овој Предлог-закон, со предложените измени и дополнувања се поедноставува процедурата за доделување концесија за користење простор и опрема на тим кој работел најмалку една година во истиот простор во соодветната здравствена установа, при што првиот тим поради било која причина го прекинува користењето на просторот, да се поедностави користењето на истиот простор од вториот тим кој веќе работел најмалку една година во истиот простор.

-Со членот 1 се предвидува при доделување на лиценца на здравствените установи во кои работат избраните лекари да не се спроведува постапка за доделување на лиценца, односно Министерството за здравство врз основа на барање за вршење дејност во мрежата на здравствени установи издава решение за вршење дејност во мрежата со кое се доделува лиценцата, доколку во мрежата на здравствени установи не е исполнет максималниот број на тимови за соодветната здравствена дејност и територија. Дополнително, се предвидува исклучок доколку е доделена лиценца за користење на простор или опрема на јавна здравствена установа на здравствена установа која треба да престане со работа согласно член 318 од овој закон, а во установата работи и втор тим чиј носител на дејност е со работен стаж од најмалку една година во установата, јавната здравствена установа не спроведува постапка за давање на просторот или опремата под закуп, а просторот и опремата потребна за вршење на соодветната дејност се доделува на носителот на дејноста од вториот тим вработен во здравствената установа, врз основа на одлука на управниот одбор на јавната здравствена установа и писмена согласност од Министерството за здравство, стои во измените и дополнувањата на Законот за здравствената заштита.фф/аа/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан