• четврток, 04 јули 2024

Изменет режим на сообраќај на автопатот А1, делница Петровец - Катланово

Изменет режим на сообраќај на автопатот А1, делница Петровец - Катланово

Скопје, 31 мај 2024 (МИА) - Од денеска воведена е времена измена на режимот на сообраќај на автопат А1, делница Петровец - Катланово, заради извршување на градежни активности во врска со проектот за завршување на работите на рехабилитација со проширување на наведената делница од автопатот, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непреќено по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 1 април, годинава е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони. вг/

Фото: МИА Архива

 

 

 

Остани поврзан