• недела, 19 мај 2024

Изложба „Четирите мајстори на модернизмот“

Изложба „Четирите мајстори на модернизмот“

Скопје, 10 мај 2024 (МИА) - ЈУ Културно информативен центар - Скопје соопшти дека денеска ќе се отвори групна изложба на студентите од осмиот семестар на студиската програма Сликарство на Факултетот за ликовни уметности - Скопје насловена „Четирите мајстори на модернизмот“.

Како што најавија, Град Скопје и ЈУ Културно Информативен Центар ќе отпочнат со реализација на Европскиот проект CreArt 3, со активноста ,,Европски месец на креативност“ во галеријата Империјал 1 - ЈУ Културно Информативен Центар, каде што до крајот на мај ќе биде отворена групната изложба насловена „Четирите мајстори на модернизмот“.

Учесници се: Теодора Андоноска, Мартин Буровски, Илина Василеска, Сергеј Јордановски, Камелија Каламерникова, Манели Крстиќ, Сара Милошевска, Ивона Петрова и Никола Тренов, сите студенти од четврта година на студиската програма Сликарство на Факултетот за ликовни уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во класата на проф. Слободанка Стевческа.

- Изложбата „Четирите мајстори на модернизмот“ е воспоставена во чест на основоположниците на Факултетот за ликовни уметности од Катедрата за сликарство, професорите Петар Мазев, Родољуб Анастасов, Димитар Кондовски и Душан Перчинков, се наведува во соопштението.

Изложбата ќе биде отворена до 20 април. цр/лв/

Фото: ЈУ Културно информативен центар - Скопје

Остани поврзан