• четврток, 03 октомври 2024

Изложба „Тиквешкиот гроздобер низ годините“ во Вински музеј Кавадарци

Изложба „Тиквешкиот гроздобер низ годините“ во Вински музеј Кавадарци

Кавадарци, 6 септември 2024 (МИА) - Изложба насловена „Тиквешкиот гроздобер низ годините“ беше отворена вечерва во Вински музеј Кавадарци, во рамките на традиционалната стопанско туристичка и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“. 

Во своето обраќање пред присутните, в.д. директорката Анета Атанасова потсети дека на 7 Септември 2020 година беше отворен овој  музеј.

-Оваа година прославуваме четири години од неговото постоење и функционирање како културна институција за која од година во година расте интересот и е се почеста дестинација на посетители од државата, но и од целиот свет. Во досегашното постоење можеме нескромно да се пофалиме со една бројка од 13.800 посетители и повеќе од 150 настани, а музејската поставка е збогатена со етнолошки предмети поврзани со лозарството и винарството, подвлече Атанасова. 

Таа појасни дека изложбата е своевидно враќање низ времето. 

-Имате прилика да погледнете фотографии и експонати од традиционалниот гроздоберски карневал уште од пред педесетина години. Во оваа туристичко културна манифестација свој придонес имаат дадено многу генерации изминатите години, а некои од вас можеби и ќе се препознаат низ овие фотографии, рече Атанасова, заблагодарувајќи се за поддршката  на градоначалникот и Советот на Општината, како и на претходната директорка Весела Честоева и вработените во музејот, што го промовира винскиот туризам. свд/вј/

Фото: МИА 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан