• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Изложба по повод 55 години творештво на Таки Павловски

Изложба по повод 55 години творештво на Таки Павловски

Скопје, 27 март 2025 (МИА) - Во Музејот на Град Скопје денеска ќе биде отворена изложбата „Објекти-градби 1970-1980“ на Таки М. Павловски составена од селектирани дела, дел никогаш неизложени, а ќе се одржи и промоција на неговата монографија „Едиција/ 55 години креативност (17 тома)“.

Монографијата претставува издание од посебен вид, едиција на целокупно творештво од 55 години на визуелен автор.

-Таки Павловски оствари исклучителен значаен придонес во развојот на македонската (југословенска – Европа) ликовна уметност и култура. Еден од најистакнатите македонски уметници од својата генерација, Павловски моментално е застапен во „Едиција/ 55 години креативност (17 тома)“ поддржана со самостојна изложба на неговите рани дела од 70-тите и 80-тите години во Музејот на Град Скопје, која го слави придонесот на уметникот во глобалниот модернистички канон. Овие рани дела, несомнено, денес претставуваат дел од антологиските остварувања на македонското ликовно творештво, се вели во соопштението за изложбата.

Изложбата ќе биде отворена до 27 април.

Академскиот сликар Таки Павловски почина на 17 мај 2023 година, на 84-годишна возраст. Роден е 1939 година во костурското село Желин.бт/мд/

Фото: плакат

Остани поврзан