• понеделник, 23 декември 2024

Изложба „Портали 2021“ во КИЦ во рамки на манифестацијата Европски ден за уметничка креативност

Изложба „Портали 2021“ во КИЦ во рамки на манифестацијата Европски ден за уметничка креативност
Скопје, 21 март 2021 (МИА) - Со изложбата „Портали 2021“ во Галеријата на Културно-информативниот центар, Музеј на Град Скопје и Град Скопје денеска ја почнуваат манифестацијата Европски ден за уметничка креативност од проектот CreArt (NetworkofCitiesforArtisticCreation) во која од 2017 година, Град Скопје е еден од 11-те вмрежени градови од Европа. Овој проект е ко-финансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската Комисија. Целокупната програма за манифестацијата се состои од неколку настани: Изложба „Портали 2021“, дебата „Илустрација или фрустрација-која е македонската стрип приказна??“, „Калеидоскоп 2021“, изложба на илустрации „Помеѓу сонот и зборот“ на Наташа Андонова и Детска стрип работилница. Овој проект кој веќе четврта година успешно се спроведува, досега резултираше со четири циклуси на изложбените концепти „Портали“ и „Калеидоскоп“ каде се претставени вкупно 45 домашни автори од различни сфери на креативните уметности; одржани се едукативни креативни работилници со повеке од 60-тина учесници, како и дебати на кои е разговарано за актуелни теми кои го третираат односот на нашето општество кон уметниците од одредени гранки на креативните уметности. Целокупната организација на сите настани за Европскиот ден на уметничка креативност, во текот на 2016-2021 година беше под кураторство на Јасминка Намичева, советник кустос архитект во Музеј на Град Скопје, додека за целокупната координација на проектот CreArt за Град Скопје беше одговорна Адријана Божиноска. - Ковид состојбата во светот, во текот на изминатата 2020 година акцентираше нови состојби како во севкупното живеење, така и во креативните уметности. Токму базичната идеја на концептот за Портали, да се презентира диверзитетниот свет на уметноста ја наметна темата за значењето и местото во секојдневниот живот на илустрацијата како базичен дел од многу други арт продукти-почнувајки од детска публицистика до стрип и современите дигитални видео изданија-продукти кон кои во изминатите месеци на различни периоди на изолации во домот, се повеќе се наметнуваше потребата да го окупираме нашето слободно време токму со овој вид на четива, информираат од Секторот за јавни дејности на Град Скопје. фф/рп/

Остани поврзан