• сабота, 05 октомври 2024

Изложба на Ирена Паскали во Галерија „КО-РА“

Изложба на Ирена Паскали во Галерија „КО-РА“
Скопје, 4 октомври 2022 (МИА) - Изложбата насловена „Moving Imagers in stormy Times“ од македонската уметница Ирена Паскали која живее и работи во Келн (Германија) ќе биде отворена вечер во 19 часот во големата сала на Галеријата „КО-РА“ при Ј.У. Дом на култура „Кочо Рацин“ - Скопје.

Ирена Паскали е родена во Охрид, 1969 година. Дипломира на Ликовна академија во Скопје, ФЛУ. Магистрирала  на Академијата за медијални уметности во Келн, Германија (Academy of Media Arts Colon, Germany, Германија).

Паскали има реализирано бројни самостојни изложби и учество во бројни групни изложби од интернационален карактер. Добитник е на интернационални резиденции, стипендии, награди. Работи во повеќе медиуми, видео, фотографија, инсталација, цртеж.

Проектот е поддржан од Град Скопје. вг/мд/

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан