• петок, 22 ноември 2024

Изложба на дел од средновековни македонски ракописи за Денот на македонските и сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Изложба на дел од средновековни македонски ракописи за Денот на македонските и сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Тетово, 23 мај 2023 (МИА) - Во Тетово во пресрет на утрешниот празник посветен на македонските просветители светите браќа Кирил и Методиј се одржа пригоден настан-предавање на доцент д-р Михајло Марковиќ кој зборуваше за средновековни ракописи во глаголица и кирилица. Дел од одбележувањето беше и поетско читање на Милена Илиевска.

-Со овој настан сакаме да се одбележи нашиот патронен празник, првично да се одбележи денот на Сесловенските просветители и народот да слушне нешто одблизу во чест на светите браќа, односно на браќата коишто придонеле за осветлување на мракот којшто го имале Словените дотогаш и како наши македонски просветители, пред сè а потоа и како словенски просветители да ни овозможат денес да имаме своја писменост, да имаме јазик, да имаме азбука со која се гордееме, истакна доц.д-р Михајло Марковиќ.

Тој образложи дека иако постојат голем број ракописи пишувани со македонска црковнословенска редакција, речиси и да ги нема во македонските градови, а на разни начини се нашле во други земји како Бугарија, Русија, Полска, Чешка, Србија, Хрватска.

- Во електронска форма можеме да ги најдеме овие ракописи. Така целта на денешната изложба е од блиску се запознае секој граѓанин, наш секој Македонец и нормално сите граѓани на Македонија со кирилометодиевата традиција којашто е многу значајна за одржување на културниот и писмениот идентитет на нас Македонците, истакна професорот Марковиќ.

Изложбата е поставена во Музеј на тетовски крај, поранешен Дом на Армијата. ас/ев/

ФОТО: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан