• понеделник, 25 ноември 2024

Изложба на Ана Митевска во Музеј на Град Скопје со хуманитарен дел

Изложба на Ана Митевска во Музеј на Град Скопје со хуманитарен дел

Скопје, 14 март 2024 (МИА) - Во Музејот на Град Скопје, вечер во 19.30 часот, Ана Митевска ќе ја претстави својата најнова изложба „Приказни во тиркиз - извор на животот“. Секое нејзино платно раскажува уникатна приказна и преку живописните тиркизни тонови ги поканува гледачите да се нурнат во безграничниот свет на уметничката креативност, се наведува во соопштението на Музејот.

- Оваа уметничка авантура ќе биде отворен повик за интроспекција и слободно толкување, како и своевидна подигната завеса кон имагинацијата. Во делата на Ана, тиркизот не е само боја, туку комплетно патување низ хоризонтите на апстрактната креативност, а нешто повеќе за ова патување на изложбата ќе каже и кураторката Гордана Велков, се додава во соопштението.

Како што се истакнува во соопштението, изложбата ќе има и хуманитарен аспект.

- Секој посетител ќе има можност да добие оригинални принтови од делата на Митевска, донирајќи парични средства за лекување на 12-годишната Кара Селовска, која боледува од ретка болест, пишува во соопштението. бд/са/

Фото: Музеј на Град Скопје

Остани поврзан