• петок, 22 ноември 2024

Изложбата „Лицата на Европа“ на фотографот Александар Кондев

Изложбата „Лицата на Европа“ на фотографот Александар Кондев
Скопје, 19 јули 2022 (МИА) - Во „Europe House“ вечер ќе биде отворена изложбата „Лицата на Европа“ на фотографот Александар Кондев. Александар Кондев е роден во 1950 година. Живее и работи во Скопје. Во Скопје завршува основно и средно образование, а потоа студира на Економскиот факултет. Со фотографија почнува да се занимава уште во школски денови. Членува во фото клубовите „Вардар” и Клуб „25”, а потоа работи како самостоен автор. На Факултетот за ликовна уметност предава по предметот „Фотографија“ од 1995 до 2001 година. Покрај професионалниот ангажман, соработник е на ДКУ, како и автор на повеќе изложби во земјата и странство. Кондев во 2015 година имаше ретроспективна изложба во Националната галерија „Чифте Амам“.фф/аа/

Остани поврзан