• сабота, 29 јуни 2024

Изградени пристапни рампи на пешачкиот мост во Сарај

Изградени пристапни рампи на пешачкиот мост во Сарај
Скопје, 28 август 2022 (МИА) - Екипите на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје изградија пристапни рампи за лицата со потешкотии во движењето на пешачкиот мост во Сарај. Двете пристапни рампи се поставени паралелно со скалите што водат до мостот. Како што информираат од јавното градско претпријатие, првата рампа, што се наоѓа на северната страна и го поврзува кејот на река Вардар со постојниот мост е целосно изработена од челична конструкција во должина од 12 метри. Втората рампа е на јужниот дел и го поврзува мостот Сарај со пешачката патека во самиот парк. Пристапната рампа е изградена од бетонски дел и од челична конструкција во должина од 34 метри. -Пристапната рампа е проектирана и изведена според сите стандарди и нормативи за проектирање на овој вид рампи. На двете пристапни рампи се поставени заштитни огради во должина во 155 метри. Екипите на ЈП „Улици и патишта“ во текот на градежните работи ги санираа и оштетувањата на скалилата на мостот и ја санираа оградата на целиот мост, велат од ЈП „Улици и патишта“. Нагласуваат дека пристапните рампи ќе им овозможат полесен пристап до мостот во Сарај на лицата коишто имаат потешкотии во движењето, на родителите со мали деца, повозрасните граѓани, како и велосипедистите и на сите коишто се рекреираат во тој дел од градот.вј/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан