• понеделник, 23 декември 2024

Изградбата на Каналот Истанбул ќе чини 15 милијарди долари

Изградбата на Каналот Истанбул ќе чини 15 милијарди долари
Анкара, 26 јуни 2021 (МИА) -  Проектот за каналот во Истанбул ќе чини 15 милијарди долари, соопшти турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за време на церемонијата на започнување на градежните работи. Тој оцени дека тоа е проект кој ќе ја спаси иднината на Истанбул, јави Анадолија. Проектот се очекува да биде завршен за шест години. Во Истанбул денеска беше свечено положен камен-темелник за изградба на мостот Сазлидере, првиот мост на мегапроектот за изградба на Каналот Истанбул, кој, паралелно со Босфор ќе ги поврзува Мраморно со Црното Море. Проектот се очекува да стане најголемата инфраструктурна иницијатива во историјата на Турција и драстично да го намали товарниот транспорт на Босфорот. ссм/

Остани поврзан