• понеделник, 08 јули 2024

Изгаснат пожарот во атарот на село Вртиславци во делчевско-каменичкиот регион

Изгаснат пожарот во атарот на село Вртиславци во делчевско-каменичкиот регион

Делчево, 8 септември 2023 (МИА) - Изгаснат е пожарот кој денеска избувна во атарот на село Вртиславци во делчевско-каменичкиот регион. Во пожарот на површина од три хектари опожарена е борова дрвна маса, но и дабова шума.

Во акцијата за гаснење на пожарот  учествувале екипи на ТППЕ од Македонска Каменица и Делчево, вработени во шумско стопанство и мештани.

-Точната локација на пожарот е местото Калуѓерица, тоа е во делчевскиот атар. Ние први добивме повик, по што се упативме на терен, а потоа дојдоа и колегите од Делчево. Исто така во гаснењето учествуваа и вработени во шумско стопанство и мештани, информираше Малин Трајчевски, командир на ТППЕ Македонска Каменица.

Во моментот пожарот е изгаснат, но дежурни екипи ќе останат на терен, со цел да не дојде до повторно избувнување. вс/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан