• среда, 18 декември 2024

Избори во САД: Трамп убеден во победа, Бајден - суеверен па не сака да прогнозира

Избори во САД: Трамп убеден во победа, Бајден - суеверен па не сака да прогнозира
Њујорк, 3 ноември 2020 (МИА) - Општите избори во САД, на кои се избираат претседател на државата, 35 сенатори и 435 членови на Претставничкиот дом, како и 13 гувернери, минуваат во мирна атмосфера, без поголеми нерегуларности.

Актуелниот претседател Доналд Трамп тврди дека Републиканската партија убедливо води во клучните држави, од кои ќе зависи резултатот од изборната трка.

Тој посочи дека републиканците добро стојат во Флорида, многу добро во Аризона и неверојатно добро во Тексас. Според Политикал пулс републиканците засега на Флорида имаат предност од околу 170.000 гласови. Аналитичари за Си Ен Ен изјавија дека на Трамп му е неопходна победа на Флорида за победа во претседателската трка, додека пораз на Флорида за Џо Бајден може да значи само потежок пат до победа. Исто така, републиканците поднесоа тужба во округот Монтгомери во Пенсилванија поради наводно нерегуларно пребројување на гласовите пристигнати по електронска пошта. Републиканците бараат гласовите да се поништат.

Што се однесува на кандидатот на демократската партија Џо Бајден, тој рече дека не сака да прогнозира од суеверие. И Трамп не сакал да баксузира, па затоа не подготвил победнички говор.

Генерална оценка е дека изборите минуваат мирно, со мали нерегуларности и инцидентити. Во Пенсилванија, гласањето во три изборни единици започна малку подоцна, па и изборните резултати ќе доцнат од таа држава, во Џорџија, една изборна единица имаше проблеми со автоматизираниот систем на гласање, но беше брзо решен проблемот. Во Небраска, ФБИ истражува неидентификуван извор кој ги повика луѓето да останат дома на денот на изборите. Во Њујорк беа примени неколку гласачки ливчиња во име на починатиот. Во Северна Каролина, како што соопшти Њујорк Тајмс, уапсено е едно лица со капа МАГА (слоганот на Трамп) кој вооружен дошол на гласачкото место и откако гласал и останал во близина за да „внимава“ на останатите гласачи. Набрзо полицијата го привела. ссм/

Остани поврзан