• петок, 22 ноември 2024

ИДФ соопшти за тројца повредени во ракетен напад на Хезболах врз Израел

ИДФ соопшти за тројца повредени во ракетен напад на Хезболах врз Израел

Тел Авив, 11 ноември 2024 (МИА) – Израелската армија денеска соопшти дека либанската шиитска милиција Хезболах истрелала околу 50 ракети врз северен Израел, при што биле повредени тројца.

Според спасувачката служба Маген Давид Адом, едно од ранетите е едногодишно дете.

Војската соопшти дека некои од ракетите биле пресретнати од системот за противракетна одбрана, а други паднале на празно земјиште.

Хезболах ја презеде одговорноста за неколку напади врз Израел.

Проиранската милиција почна да пука врз Израел на почетокот на војната во Газа пред повеќе од една година. Израел одговара со воздушни напади и копнена офанзива.

Според израелски информации, од почетокот на конфликтот во северниот дел на земјата се убиени 74 лица од напади од Либан, од кои 43 цивили и 31 војник, а повеќе од 640 луѓе се повредени. јт/

Фото: Маген Давид Адом

Остани поврзан