• четврток, 03 октомври 2024

ИДФ: Најмалку 35 проектили се истрелани од Либан врз северниот дел на Израел

ИДФ: Најмалку 35 проектили се истрелани од Либан врз северниот дел на Израел

Тел Авив, 30 септември 2024 (МИА) – Исламистичката милиција Хезболах продолжи со ракетни напади од Либан кон северниот дел на Израел, соопшти денеска израелската армија (ИДФ).

Една од целите на Хезболах била израелска гасна платформа во Средоземно Море – Кариш, што била нападната со беспилотно летало. Дронот бил пресретнат од израелски ракетен брод.

Според ИДФ од Либан кон Галилеја и Голанска Висорамнина окупирана од Израел биле истрелани околу 35 проектили.

Во израелскиот град Сафед утрово се огласија сирените предупредувајќи на ракетен напад. Според израелското Армиско радио од Либан биле истрелани неколку ракети кон Сафед.

Засега нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета. ми/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан