• понеделник, 23 декември 2024

ИДСЦС: Антикорупциското образование ќе ги подготви младите да препознаат, спречат и пријават корупција

ИДСЦС: Антикорупциското образование ќе ги подготви младите да препознаат, спречат и пријават корупција
Скопје, 10 јуни 2021 (МИА) - Институтот за демократија „Социетас цивилис“ Скопје (ИДСЦС) и Државната комисија за спречување на корупција, заедно со Министерството за образование и Бирото за развој на образованието, во рамките на проектот „Антикорупциска едукација во средните училишта“, спроведе пилот предавања за борба против корупцијата при што беа вклучени осум средни училишта, едуцирани беа 13 професори, а формална едукација имаа повеќе од 600 ученици од шест градови. Според ИДСЦС, антикорупциското образование интегрирано во училишните активности е можност младите да добијат структурирани и објективни податоци, меѓутоа, во услови кога се обмислува посеопфатна реформа на образовниот процес, државата може да постави поамбициозни антикорупциски цели на образованието. - Борбата со корупцијата е долг и сложен процес кој бара вклучување на сите чинители во општеството. Целта на антикорупциската едукација е да се влијае кај учениците, образовните работници, па и родителите, да се вклучат поамбициозно во решавањето на социјалниот проблем. Затоа антикорупциската едукација треба да стане една од централните цели на образовниот процес, насочена кон градење на генерации со личен интегритет спремни да се спротивстават на корупцијата, посочуваат од ИДСЦС. Државата, се вели во соопштението, треба да насочи образовни ресурси кои ќе креираат вредности на отпор кон корупцијата, како почитување на ред и закони, вреднување на фер однесување, работење во корист на заедницата и доверба во луѓето. Со вклучувањето на младите во борбата против корупцијата, се воспоставуваат вредности и интегритет за придвижување на општеството кон антикоруптивни практики. аа/дма/

Остани поврзан