Идризи: Триесетина автобуси на ЈСП не сообраќаат, немаат метан
- Триесетина автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје денеска не сообраќаат поради немање метан, изјави попладнево за МИА Меџит Идризи, потпретседател на синдикалната организација при ЈСП, генерален секретар на „Спајс“.
Скопје, 11 декември 2024 (МИА) - Триесетина автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје денеска не сообраќаат поради немање метан, изјави попладнево за МИА Меџит Идризи, потпретседател на синдикалната организација при ЈСП, генерален секретар на „Спајс“.
Идризи, кој работи во ЈСП, појасни дека разбрал од колегите дека се повлекуваат во гаража, бидејќи немале метан. Според неговите информации проблемот бил во тоа што јавното претпријатие немало платено за метан.
Се случувало, додаде, во текот на денот, странци да не можат да отидат да ја посетат Матка.
Идризи се осврна и околу неизвесноста околу тоа дали ќе се исплати плата до законскиот рок - 15 декември, нагласувајќи дека вработените ги фаќа паника и му се обраќаат, особено тие кои имаат кредити за плаќање.
Тој во изјава за МИА јавно повика да се решат состојбите што траат со месеци и да има и редовни плати и редовни автобуски линии. бд/лв/
Фото: МИА архива