• петок, 05 декември 2025

Идентификувано лицето за синоќешната лажна дојава за бомба во грчкиот Парламент

Идентификувано лицето за синоќешната лажна дојава за бомба во грчкиот Парламент

Атина, 30 април 2025 (МИА) – Грчката полиција го идентификувала лицето кое синоќа околу 20 часот преку бројот 112 за итни случаи пријави дека е поставен бомба во грчкиот Парламент, што по проверките се потврди дека станува збор за лажна дојава, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, станува збор за лице од Солун со психички проблеми, кое и познато на полицијата за слични заканувачки повици. 

По вчерашната дојава, како што синоќа објави МИА, припадници на Единицата за деактивирање експлозивни направи спроведе проверка на Парламентор, не беше пронајден никаков сомнителен предмет, а уште на самиот почеток процените беа дека станува збор за лажна дојава.  ср/ссм/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан