• понеделник, 23 декември 2024

Ивановски: На пругата кон Бугарија столбови се прават со арматурни конструкции кои се распаѓаат

Ивановски: На пругата кон Бугарија столбови се прават со арматурни конструкции кои се распаѓаат

29 јули 2024 

Пруга кон Бугарија

Малку подолг пост но со оглед на сериозноста и не може пократко.

Претходниов петок 26.07 бев на терен на втората делница од пругата према Бугарија. Вториот дел е од Бељаковце до Крива Паланка.

На терен сликата во најмала рака беше запрепастувачка и разочарувачка.

1: (слика 1) Требаше да се бетонира темел за столб за мост. Пред да се бетонира целата арматурна конструкција им се распадна како да е направена од цевки за пиење сок а не од арматурни шипки со дебелина од ф28мм и ф32мм

Поточно вертикалните арматурни шипки кои се всушност самиот столб на мостот по кој ќе се движи воз се урнаа врз целата конструкција.

Внимавајте, столбот што ќе се изгради врз овој темел треба да биде висок 13м и по него и другите столбови ќе минува мост (пруга) и возовите ќе пренесуваат патници. За ризикот проценете сами.

На слика 2 се гледаат и сеграгација на бетонот и пукнатини при неквалитетно бетонирање.

Да не знае човек дали сака таму да има пруга или побезбедно е за сите нас да нема.

Додатно: откако стигнав на терен магично се појавија и претставници на фирмата изведувач.

На моето прашање што е причината за оваа ситуација ми одговорија дека ветерот ги дувнал арматурите. Одговор за потценување на интелегенција, но сепак им дадов и втора шанса за корекција на одговорот. На тоа ме поканија во "кафанче на рипче". Неколку пати. Се разбира дека одбив.

На нивните аматерски одговори следеше мое образложение до нив зашто им се случило тоа што им се случило со темелот. Па тука сфатија дека разговараат со некој што подобро од нив ја разбира проблематиката, па така фатени на дело во нивното "дело" од немоќ следуваше уште една покана "за рипче"

Вистината е дека планираа 9м висока арматурни шипки со пречник од ф28мм и ф32мм да ги прицврстат со 15цм "L" превиткување кои очигледно дека ни тоа не го врзале (армирале) соодветно. Далеку од тоа.

Се работи за фирма подизведувач Андра Центрум која веќе од владата била ставена на црна листа додека на истиов потег работела германската фирма Вибе и истава фирма не смее да работи на овој проект, но го смениле називот на фирмата и ете ги пак на терен под името Инфраструктура ДООЕЛ.

Просто генијално и иновативно.

2: Надзор ИРД.

Задача на надзорот е да го надгледува процесот на градба. Поготово во вакви ситуации кога има бетонирање на столбови. Од надзорот ни "н" на терен а треба да се секојдневно и постојано таму. На хартија тие се секој ден на терен и тие го наплаќаат тоа а на терен ги нема. Прашањето на кое ќе побарам одговори е кој им потпишува, а дали е вистина дека се има случувано лица ангажирани од фирмата за надзор воопшто да не биле во државата а тие да стојат во докумети кои ги наплаќаат дека биле на терен на изградба на пругата.

На втората фотографија (слика 2) се гледаат и сериозни сегрегации и пукнатини на бетон.

Квалитет на изведба: личен став е дека е под незадоволително ниво.

3: Ѓулермак - ИРД (изведувач - надзор)

Договорот за градба е 155 милиони евра. Додатна сума на ова е предвидена од 10% за непредвидени работи.

Средства обезбедени со грант од WBIF и заем од ЕБРД.

Моменталниот прогрес е 17.5% (27мил. евра)

Овие 10% непредвидени работи (15.5 мил евра) веќе ги имаат искористено во добар дел. "непредвидени"5.3 мил евра за мост број 11, и 2.8 мил евра затоа што доцнела државата за визите за работници од странство. Пошто откако пристигнаа работниците го гледаме нивниот "прогрес" пд 17.5% а рокот за целокупното завршување на проектот е Октомври 2026та. Нема шанса да го стигнат, затоа што наместо да го стават фокусот да градат тие го ставаат фокусот на креирање ситуации за пенали кон државата, а надзорот ИРД без никаков проблем им ги прифаќаат нивниве побарувања и варијации (вкупно 13 до сега во износ над 1 мил евра).

И сетоа тоа на терет на државниот буџет.

За вакво неодговорно и несериозно однесување кон државните капитални инфраструктурни проекти пред се ќе го информирам министерството за транспорт и врски како надлежно министерство и Владата, а ќе пратам соодветна информација до банките финансиери на овој проект.

 

ФБ-статус на Синиша Ивановски, директор на Железници

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан