• недела, 22 декември 2024

Ивановска бара навреме да се изберат новите членови на Државната комисија за спречување на корупција

Ивановска бара навреме да се изберат новите членови на Државната комисија за спречување на корупција

Штип, 7 октомври 2023 (МИА) - Мандатот на актуелните членови на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) со работа изтекува на  7 февруари 2024 година и согласно законот немаат право на повторен избор, ниту на продолжување на мандатот до изборот на нова Комисија, истакна денеска претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска која одговараше на новинарски прашања на денешната „Текстилијада“ во Штип.

Ивановски посочи дека ова значи дека од наредниот ден, 8 февруари 2024 година треба да почне со работа новата Комисија.

-Согласно Законот три месеци пред истекот на мандатот треба да започне процесот на избор за нови членови на Комисијата и ние тоа го споделивме со Комисијата за избор и именување во Собранието на Република Северна Македонија. Разговаравме со нин и укажавме дека Законот предвидел доволно време три месеци и со време да се почне постапката, за да не дојде во ситуација институцијата да биде без Комисија, вели Ивановска.

Посочи дека ако навреме не изберат нови членови на ДКСК, тоа ќе биде лош сигнал не само за граѓаните и меѓународната заедницата, туку заради тоа што наредната година во земјава ќе има претседателски и парламентарни избори.

-Уште повеќе што наредната година се предвидуваат избори и ако една од главните надлежности на оваа Комисија е следење на изборниот процес и на изборните кампањи и тоа не би било добра порака, ако институцијата остане без Комисија, вели Ивановска.

Прашана колку е задоволна од сработенот на Комисијата во текот на мандатот, Ивановска со став дека постигнале добри резултати.

-Имајќи во предвид дека оваа институција претходно имаше негативни оценки од страна на Европската комисија, доволно е да ги погледнете оценките. Таму се бележи нашиот резултат. Јас лично сум задоволна од аспект на тоа што ние пола мандат го поминавме со непроменети услови на работа, во однос на претходната Комисија, а додовме многу поразлични резултати. Отворивме горливи теми, коишто тежат на ова општество, вели Ивановска.

Таа забележа дека дадени се препораки од нивна страна и како овие проблеми да се надминат, но како што вели ДКСК не е последната институција во системот.

-Напротив после нас има други коишто треба да ја довршат работата и тука системот попушти. Така што од крајните ефекти не можам да бидам задоволна. Меѓутоа повторно ќе кажам, секој е одговорен за тоа што го работи, за тоа што е наша надлежност, наша одговорност, наша работа јас сум задоволна, вели Ивановска. вдј/вг/ 

Фото: МИА

 

Остани поврзан