• вторник, 24 декември 2024

Ивана Мирчевска добитничка на наградата „ДЕНЕС“

Ивана Мирчевска добитничка на наградата „ДЕНЕС“
Скопје, 24 јуни 2022 (МИА) - Ивана Мирчевска е добитничка на наградата „ДЕНЕС“ за млада визуелна уметничка до 35 години.
По јавните презентации и изложби на четворицата финалисти, жирито составено од Вивиана Ќеќиа (Лондон), кураторка и истражувачка, кураторка за резиденции и јавни програми во „Делфина фондацијата“, Лондон; Елена Чемерска (Скопје/ Берлин), уметничка и добитничка на наградата ДЕНЕС во 2021 година; Славчо Димитров (Скопје), истражувач, теоретичар, активист и куратор на „Скопje викенд на гордоста“, интердисциплинарен фестивал за квир уметности, култура и теорија; Нора Халими (Тетово), уметничка и професорка на Факултетот за уметности на Универзитетот во Тетово и Лилиа Куделиа (Киев/ Далас), кураторка, историчарка на уметност и соработничка на Residency Unlimited (RU) во Њујорк, одлучи наградата да и ја додели на Мирчевска, велат од организацијата „Факултети за работи што не се учат“. 
Факултет за работи што не се учат –  Скопје во соработка со Центар за современи уметности – Скопје, Мрежата „Награди за млади визуелни уметници“ (YVAA), резиденциската програма Residency Unlimited (RU), Њујорк и фондацијата Trust for Mutual Understanding, Њујорк, по шеснаесетти пат го организира процесот за доделување на наградата „ДЕНЕС“ за млад/а визуел(е)н/а уметни(к)чка во Северна Македонија до 35 години. ки/лв/

Остани поврзан