• недела, 22 декември 2024

Ибраими се врати во Шкендија

Ибраими се врати во Шкендија

Тетово, 8 август 2024 (МИА) - Фудбалскиот клуб Шкендија соопшти дека потпишале со Бесарт Ибраими.

Ибраими доаѓа од редовите на актуелниот шампион Струга Трим Лум.

-Шкендија со задоволство може да го потврди ангажманот на добро познатиот напаѓач, Бесарт Ибраими, стои во соопштението на тетовскиот тим.

Ибраими вели дека е многу среќен што се враќа во Шкендија каде што играше од 2015 до 2021 година.

-Многу сум среќен што се враќам во Шкендија, ќе дадам се од себе за овој голем клуб, рече Ибраими.

Во Шкендија се враќа по три години, откако во периодот 2015-2021, шест години беше меѓу главните играчи во најуспешниот период на клубот. дс

Фото: Шкендија

Остани поврзан