ЗСПК „Козјак“ одбележува 43 години постоење
- Здружението спортско планинарскиот клуб „Козјак“ од Куманово, денеска одбележува 43 години од своето постоење, соопштија денеска одговорните од клубот. Од клубот информираа дека по повод роденденот во зависност од временски услови ќе се организира акција и планинарски ручек во планинарскиот дом Длабочица и делеуваењ награди и признанија на нивните членови.

Куманово, 7 април 2025 (МИА) - Здружението спортско планинарскиот клуб „Козјак“ од Куманово, денеска одбележува 43 години од своето постоење, соопштија денеска одговорните од клубот. Од клубот информираа дека по повод роденденот во зависност од временски услови ќе се организира акција и планинарски ручек во планинарскиот дом Длабочица и делеуваењ награди и признанија на нивните членови.
- ЗСПК „Козјак“ е најстар клуб во градот. Денеска одбележуваме 43 години од обновување на клубот, изјави секретарот на ЗСПК „Козјак“, Мартин Величковски.
Функционирањето на здружението спортско планинарскиот клуб, возобновено е 1982 година, откако првично бил формиран во далечната 1967 година, а веќе наредната година бил згаснат. Клубот е еден од најактивните во државава со постојани редовни активности, утврдени со годишната програма.
-Планинарите низ годините ги освоија највисоките врвови на Балканот, а во изминатите години, учествуваа и на искачувања во Европа, рече Величковски.
Покрај овие активности, во клубот се одржува летна планинарска школа, искачување на врвовите на планините низ државата, а на високо ниво е и соработката со македонски и балкански планинарски друштва.
Во ЗСПК „Козјак“ членуваат осумдесетина активни и над дваесетина пасивни планинари. Клубот има лиценцирани водичи за планина, лиценцирани водичи, марацисти и водичи за ориентација. Во рамки на клубот функционира и школата за млади планинари. „Козјак“ располага со еден планинарски дом во село Длабочица. ам/са/
Фото: ЗСПК „Козјак“