ЗОИ: Норвешка и Шведска најуспешни по вториот натпреварувачки ден
- На Зимските олимписки игри во Пекинг, во текот на денешниот ден се доделени шест комплети медали. Водечки на табелата медалисти се Норвешка и Шведска со по два златни медала.
Пекинг, 6 февруари 2022 (МИА) – На Зимските олимписки игри во Пекинг, во текот на денешниот ден се доделени шест комплети медали. Водечки на табелата медалисти се Норвешка и Шведска со по два златни трофеи.
По едно најсјајно одличје имаат Русија, Германија, Холандија, Австралија, Јапонија, Словенија, Кина и Нов Зеланд.
Што се однесува до вкупниот број, Русите имаат пет медали, 1+2+2 (злато+срербо+бронза), Норвешка три (2+0+1), Австрија три (0+2+1), Италија три (0+2+1). зс/