• недела, 30 јуни 2024

Значително зголемување на антисемитизмот во Канада

Значително зголемување на антисемитизмот во Канада

Отава, 18 октомври 2023 (МИА) - Канадскиот премиер Џастин Трудо истакна дека има значително зголемување на антисемитизмот во Канада по нападот врз Израел од страна на палестинската исламистичка група Хамас и смртоносните израелски воздушни напади во Газа што следеа.

-Откако изби овој конфликт, овде дома има многу застрашувачки пораст на антисемитизмот, рече Трудо на конференцијата за борба против антисемитизмот.

Дури и пред актуелниот конфликт, рече тој, имаше „постојан пораст“ на антисемитизмот.

Канадскиот премиер, исто така, го осуди Хамас и рече дека го поддржува правото на Израел на самоодбрана, притоа повлекувајќи цврста линија меѓу Хамас и пропалестинските гласови.

-Хамас не го претставува палестинскиот народ, ниту нивните легитимни аспирации. Тие не зборуваат за муслиманската или арапската заедница и не ја претставуваат подобрата иднина што ја заслужуваат Палестинците или нивните деца, рече Трудо. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан