• недела, 22 декември 2024

ЗНАМ: Во завршна фаза преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за учество во идната влада

ЗНАМ: Во завршна фаза преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за учество во идната влада

Скопје, 28 мај 2024 (МИА) - Движењето ЗНАМ – За наша Македонија информира дека во завршна фаза се преговорите за соработка со ВМРО-ДПМНЕ и учество во идната влада.

- Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во досегашната работа е отворено и транспарентно во однос на информирањето на јавноста за чекорите што ги презема во остварувањето на зацртаните политики и стратегии. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во тој дух ја информираше јавноста дека ги отпочна преговорите за соработка со ВМРО-ДПМНЕ и учество во идната влада, како и дека во кусиот период на разговори, може да се каже дека истите се во завршна фаза. се наведува во соопштението од партијата.

Од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија информираат дека со претставници на ВМРО-ДПМНЕ разговарале и за одредени ресори, но тие во овој момент не се докрај дефинирани, ниту потврдени. Посочуваат дека разговорите ќе продолжат во наредните денови.

- Конкретните кадровски решенија и одлуките  за тоа ќе ги донесат органите на Движењето ЗНАМ, низ доодветна интерна партиска процедура и истите ќе бидат соопштени во јавноста. Секоја шпекулација за одредени имиња  и ресори Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги оценува како неточни и невистинити, потенцираат од ЗНАМ.

Од Движењето ЗНАМ - За наша Македонија посочуваат дека разговараат и преговараат со ВМРО-ДПМНЕ врз основа на платформа, со која, како што велат, настапи и на параламентарните избори, наречена „Проглас  за достоинствена Македонија“.

- За Движењето ЗНАМ е важно Република Македонија да е демократска, современа,  модерна, европска држава, втемелена врз Крушевскиот манифест и асномските принципи. Република Македонија да е самоодржлива држава, која произведува сопствена храна и енергија, што индиректно придонесува  во јакнењето на
независноста и суверенитетот на државата. Република Македонија како држава во која правдата е еднаква за сите и нема неказнивост и неказниви и селективност. Држава која промовира нулта толеранција кон корупција и ефикасно се справува со организираниот криминал, велат од Движењето ЗНАМ. фф/бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан