• четврток, 17 октомври 2024

Зидан отворен за преговори со Манчестер Јунајтед

Зидан отворен за преговори со Манчестер Јунајтед

Манчестер, 14 октомври 2024 (МИА) - Легендарниот француски поранешен фудбалер и тренер на шпански Реал Мадрид, Зинедин Зидан ќе инсистира на конкретен трансфер во Манчестер Јунајтед доколку се постигне договор со англискиот клуб, со кој моментално е отворен за преговори, тврди football365.com.

Зинедин Зидан би сакал францускиот дефанзивец на Барселона, Жил Кунде, да биде првото ново засилување во Јунајтед доколку го преземе тимот. Според него, Кунде би имал фундаментална улога во зајакнувањето на одбраната на англискиот тим.

„Црвените ѓаволи“ го забележаа најлошиот почеток на сезоната во Премиер лигата, откако тимот на менаџерот Ерик тен Хаг собра само седум бода од можни 21 и примија пет гола во воведните седум кола.

Меѓу имињата кои се поврзуваат за потенцијални замени на холандскиот стручњак, покрај Зидан се и Масимилијано Алегри, Герет Саутгејт, Томас Тухел, Еди Хау и Томас Франк. дс

Фото: Архива

Остани поврзан