Земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди подрачјето во близина на брегот на Еквадор
- Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето во близина на брегот на Еквадор, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Кито, 25 април 2025 (МИА) - Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето во близина на брегот на Еквадор, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Земјотресот се случил на длабочина од 23 километри, соопшти EMСЦ.
Епицентарот на земјотресот бил на 21 километар североисточно од крајбрежниот град Есмералдас. рп/
Фото: МИА архива