• вторник, 02 јули 2024

Земјотрес од 3.1 степени по Рихтер попладнево во Валандово

Земјотрес од 3.1 степени по Рихтер попладнево во Валандово
Скопје, 7 октомври 2022 (МИА) - Земјотрес со локална магнитуда од 3.1 степени по Рихтеровата скала е регистриран попладнево во 14 часот и 19 минути на 132 километри југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Валандово, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот имал интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а бил почувствуван од населението во Богданци, Струмица, Валандово и околината. хс/лв/  

Остани поврзан