• недела, 26 јули 2026

Земјите членки на МКС денеска ќе одлучат за судбината на главниот обвинител Карим Кан, обвинет за сексуален напад

Земјите членки на МКС денеска ќе одлучат за судбината на главниот обвинител Карим Кан, обвинет за сексуален напад

Њујорк, 24 јули 2026 (МИА) - Земјите-членки на Меѓународниот кривичен суд (МКС) денеска во Њујорк ќе одлучат дали да го отстранат од функцијата главниот обвинител Карим Кан, кој е обвинет за сексуален напад, објави ДПА.

Гласањето ќе се одржи во услови на силен политички притисок врз судот со седиште во Хаг, особено од САД. Случајот „е во тек“ веќе две години и сериозно го оптоварува судот.

Британскиот адвокат на Кан категорично ги негираше сите обвиненија. Во јуни, главниот обвинител беше привремено суспендиран од функцијата поради сомневања за недолично однесување кон член на неговиот персонал. Неодамна, жената што го обвинува ги повтори своите обвинувања во интервју за американскиот телевизиски канал Си-ен-ен.

Кан е главен обвинител од 2021 година и побара налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во врска со наводни злосторства за време на војната во Газа.

Обвинувањата против главниот обвинител првично беа истражени од комисија на ОН, која, според извештаите на медиумите, ги потврди.

Меѓутоа, според адвокатот на Кан, судиите на МКС утврдиле дека не е докажана никаква злоупотреба или прекршување на должноста.

Делегатите од 125-те земји-членки денеска ќе мора да одлучат на посебна седница во Њујорк дали Карим Кан треба да биде отстранет од функцијата. Состанокот не е отворен за јавноста.

По овој скандал, американската влада неодамна ги засили критиките кон институцијата, веќе воведувајќи санкции врз судиите и службените лица.сд/ми/

Фото:МИА архива