• вторник, 19 ноември 2024

Земан: Да се договори примирје и да започнат преговори меѓу Украина и Русија

Земан: Да се договори примирје и да започнат преговори меѓу Украина и Русија

Прага, 13 мај 2024 (МИА) - Поранешниот претседател на Чешка, Милош Земан денеска апелираше да се договори примирје и да започнат мировни преговори меѓу Украина и Русија, бидејќи тоа успешно ќе ја блокира руската офанзива на фронтот, а во сегашната ситуација Украина нема да биде осудена на пораз доколку руската армија ја пробие нејзината одбранбена линија.

-Ги разбирам оние кои бараат мирно решение…. затоа што предупредуваат за моменталната ситуација на бојното поле што може да доведе до нарушување на украинската одбрана и мировните преговори може да ја блокираат руската офанзива, изјави Земан во интервју за чешкиот таблоид Блеск.

Поранешниот чешки претседател нагласи дека е за помош на Украина, вклучително и испорака на оружје и муниција, што чешката опозиција го критикува, но дека иако порано постоела надеж дека Украина ќе ги ослободи окупираните територии, сега воените аналитичари предупредуваат на ризикот на поразот, пренесе Бета.

-Јасно кажувам дека не би сакал пораз на Украина. Историски гледано, Украина не може да ги врати своите територии во догледна иднина, дури и ако помошта од Запад значително се зголеми, изјави Земан.

Поранешниот чешки претседател рече дека идеите Западот да помогне со испраќање свои војници, за кои зборува францускиот претседател Емануел Макрон, наидуваат на отпор главно кај членките на НАТО.

-Разберете дека во моментот на загинување на првите француски војници на украинска територија, тоа ќе предизвика внатрешно-политичка криза во Франција. Затоа, дури и таква варијанта не е многу веројатна. Затоа велам, пред Русите да постигнат поголем успех на бојното поле, потребно е барем да се постигне договор за примирје и со блокирање на таа руска офанзива, рече Земан. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан