• четврток, 02 мај 2024

Зеленски ѝ врачи орден на Фон дер Лајен

Зеленски ѝ врачи орден на Фон дер Лајен
Киев, 15 септември 2022 (МИА) - Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен денеска го посети Киев, каде имаше средба со украинските претседател и премиер, Володимир Зеленски и Денис Шмихал. По тој повод, Зеленски на шефицата на ЕК ѝ го врачи орденот Јарослав Мудриот. „Ова е голема чест. Го прифаќам одликувањето во име на сите граѓани на ЕУ и како симбол на нашите силни односи“, напиша Фон дер Лајен на Твитер. Украина се обидува да влезе во Европската Унија од почетокот на руската инвазија, а во јули и официјално доби статус на земја-кандидат. бд/

Остани поврзан