• недела, 22 декември 2024

Зеленски: Ќе верувам само во конкретни резултати од преговорите

Зеленски: Ќе верувам само во конкретни резултати од преговорите
Киев, 29 март 2022 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва ги коментираше денешните мировни преговори со Русија во Истанбул. Тој рече дека сигналите од преговорите може да се наречат позитивни, но „овие сигнали не ги намалуваат експлозиите на руските гранати“. Тој вели дека ќе верува само во конкретни резултати. Русија претходно најави дека драстично ќе ја намали воената активност насочена кон Киев и Чернихив. Сепак, САД тврдат дека руските трупи кои се оддалечуваат од двата града само се прераспоредени во другите делови на Украина. јт/

Остани поврзан