• понеделник, 23 декември 2024

Зеленски: Руските напади уништија 30 отсто од украинските електрани

Зеленски: Руските напади уништија 30 отсто од украинските електрани
Киев, 18 октомври 2022 (МИА) - Руските воздушни напади од 10 октомври уништија 30 отсто од украинските електрани, информираше денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој на Твитер напиша дека нападите предизвикале масовни прекини на струја низ Украина и оти „не остана простор за преговори“ со рускиот претседател Владимир Путин. Зеленски ја обвини Русија за убивање и тероризирање цивили, по денешните воздушни напади врз украински градови. Руските сили денеска ја нападнаа енергетската инфраструктура во северниот дел на Киев, а регистрирани се неколку експлозии во градот. Без струја и вода остана градот Житомир, тврдат украински претставници. бд/зш/

Остани поврзан