Зеленски разговараше со Трамп за војната во Украина и му го честиташе 80-тиот роденден
- Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска му го честиташе 80-тиот роденден на својот американски колега Доналд Трамп, со кого разговараше и за војната во Украина.
Киев, 14 јуни 2026 (МИА) – Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска му го честиташе 80-тиот роденден на својот американски колега Доналд Трамп, со кого разговараше и за војната во Украина.
- Разговорот беше прилично богат, од роденденска честитка до дипломатија, војна и мир – изјави советникот на украинскиот претседател, Дмитро Литвин, прецизирајќи дека разговорот траел меѓу 30 и 35 минути.
Зеленски и Трамп повторно ќе разговараат во вторник, бидејќи двајцата учествуваат на истиот работен состанок на самитот на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот – Г7, во Франција. јт/
Фото: МИА архива