• петок, 22 ноември 2024

Зеленски разговараше со папата за последиците од војната во Украина

Зеленски разговараше со папата за последиците од војната во Украина

Бари, 14 јуни 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска разговараше со папата Франциск за последиците од војната со Русија, вклучително и воздушните напади и тешката ситуација во енергетскиот сектор.

„Му благодарам на Неговата Светост за молитвите за мир за Украина, за духовната блискост со нашиот народ и за хуманитарната помош за нашиот народ“, напиша Зеленски на својот Фејсбук профил, по разговорот со папата во јужното италијанско одморалиште Борго Ењација, каде се одржува самитот на Г7, пренесува Укринформ.

Зеленски и папата разговараа за „формулата за мир“, улогата на Ватикан во воспоставувањето праведен и одржлив мир за Украина и очекувањата од Глобалниот самит за мир, што ќе се одржи на 15 и 16 јуни во Швајцарија. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан