• сабота, 23 ноември 2024

Зеленски: Најмалку еден човек загина при рускиот напад врз болница во Дњепар

Зеленски: Најмалку еден човек загина при рускиот напад врз болница во Дњепар

Киев, 26 мај 2023 (МИА) – Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека едно лице загина, а 15 се повредени во денешниот руски напад врз болница во Дњепар.

Руските терористи уште еднаш го потврдија својот статус на борци против сè што е хумано и чесно. Само што имаше ракетен напад врз клиника во Дњепар. Досега едно лице загина, а 15 се повредени. Последиците од гранатирањето се елиминираат, а жртвите се спасени. Вклучени се сите неопходни служби, посочи рече Зеленски.

Дњепар беше цел на напади и во текот на ноќта. Украинските сили тврдат дека собориле десет руски проектили и 25 дронови. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан