• недела, 22 декември 2024

Зеленски: Армијата бара мобилизација на уште половина милион луѓе

Зеленски: Армијата бара мобилизација на уште половина милион луѓе

Киев, 19 декември 2023 (МИА) - Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека украинската армија побарала да се мобилизираат уште меѓу 450.000 и 500.000 луѓе.

-Прашањето е многу чувствително. Армијата укажа на недостигот на работна сила и побара мобилизација на дополнителни 450.000 до 500.000 луѓе. Тоа е сериозна бројка, рече Зеленски на прес-конференција.

Тој додаде дека воените и владините претставници ќе разговараат за ова „чувствително прашање“, по што парламентот ќе ја разгледа дополнителната мобилизација и посочи дека за таква масовна мобилизација ќе бидат потребни дополнителни средства.

-За тоа ќе бидат потребни дополнителни 13,5 милиони долари, рече Зеленски.

Тој изјави дека „никој не знае“ кога ќе заврши војната со Русија и оцени дека Украина би можела побрзо да победи доколку продолжи да се спротивставува.

Зеленски додаде дека Украина не е блиску до пораз, наведувајќи дека претходно била во потешка позиција. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан