• петок, 05 декември 2025

Здружението „Гороцвет“ организира настан за празникот Цветници

Здружението „Гороцвет“ организира настан за празникот Цветници

Скопје, 13 април 2025 (МИА) - Македонското здружение за култура, обичаи и традиции „Гороцвет“ денеска во Капиштец, парк спроти Министерството за економија, ќе организира настан посветен на празникот Цветници.

Најавени се 40-ина учесници - поети и изведувачи, меѓу кои и хорот за народни песни „Вања Лазарова“.

Во рамки на настанот ќе има изложба „Цвеќе на мирот и радоста“ на Живко Поповски-Цветин. хс/лв/

Фото: Здружение „Гороцвет“ 

 

Остани поврзан