Здравствен дом Тетово доби донација инвентар за просториите за имунизација и другите службени простории
- Јавната здравствена установа Здравствен дом Тетово, денеска доби донација - инвентар за службените простории. Инвентарот се состои од кревети, столови, ормари и друг вид инвентар за потребите
Тетово, 2 април 2021 (МИА) - Јавната здравствена установа Здравствен дом Тетово, денеска доби донација - инвентар за службените простории. Инвентарот се состои од кревети, столови, ормари и друг вид инвентар за потребите на здравствените работници.
Донацијата е на компанијата Mozzart, а со овој медицински инвентар, комплетно ќе се опремат просториите за имунизација против Ковид-19, како и дел од просториите на итната медицинска помош.
Од ЈЗУ Здравствен Дом Тетово се заблагодарија на донацијата која им е од огромно значење и велат дека помошта пристигнала токму навреме, за да ја опремат службата за имунизација против коронавирусот.
- Голема благодарност до компанија Mozzart за донацијата на медицински инвентар. Во време на пандемија, секоја помош е добредојдена, бидејќи сите капацитети на здравствените институции во својот домен на работа се ставени во функција на давање здравствени услуги за помош и превенција од ковид 19, а воедно непречено се продолжува со тековните активности за примарна здравствена заштита на граѓаните, изјави директорот на Здравствениот дом Тетово, Борислав Јоргаќиевски.
Од компанија Mozzart велат дека преку различни и бројни акции континуирано го поддржуваат здравствениот систем, a во последнава година на многу адреси пристигнати се донации во вид на финансии или материјални добра.
- Поддршка на здравствените работници и здравствениот систем е потребна повеќе од било кога, а компанија Mozzart, акцент во општествено одговорната работа последнава година дава токму таму, во борбата против коронавирусот, поддржувајќи ги здравствените работници кои во овие вонредни околности вложуваат натчовечки напори. Овој пат го посетивме Здравствениот дом Тетово кој што започнува со имунизација на населението. Продожуваме и понатаму со нови хуманитарни акции кои ќе се реализираат во наредниот период, изјавија од менаџментот на компанија Mozzart.
Компанијата донира финансиски средства, болнички кревети за интензивна нега, пакети со храна, телевизори, компјутери, инвентар, витамински пакети за освежување, како и други материјални добра наменети за различни установи со кои обезбедуваат помош на најзагрозените категории на граѓани во сите области од оштеството и на други установи во време на пандемијата на коронавирусот. ас/ар/