• среда, 25 декември 2024

Зголемен водостојот на Вардар кај Велес и Демир Капија

Зголемен водостојот на Вардар кај Велес и Демир Капија
Скопје, 9 април 2020 (МИА) - Водостојот на Вардар кај Јегуновце е намален во однос на просекот за април, кај Железничкиот мост во Скопје е во рамките на просекот, а кај Велес и Демир Капија зголемен, покажува дневната хидролошка информација на Управата за хидрометеоролошки работи. На останатите реки каде што се врши мерење, позначително намалување на водостојот има на Крива Река кај Крива Паланка, Лепенец кај Скопје, а зголемување има на Црна Река кај Р.Б. Мост и на Струмица кај Ново Село. На Црн Дрим кај Ложани завчера имало видно намалување, а вчера зголемување, но се уште под просекот. Реките Треска и Пчиња се во рамките на просекот. Водостојот на Охридското Езеро е во рамки на просекот, додека кај Дојранското има минимално зголемување, а Преспанското мало намалување. ир/сп/

Остани поврзан