• понеделник, 23 декември 2024

За шест часа казнети 820 возачи за брзо возење во државава

За шест часа казнети 820 возачи за брзо возење во државава

Скопје, 23 април 2023 (МИА) - Министерството за внатрешни работи, денеска во периодот од 11:00 до 17:00 часот, спроведе акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 820 возачи.

Од нив, како што информираат од МВР,  54 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина. Притоа, 476 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 344 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта. дма/мд/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан