• вторник, 05 ноември 2024

За спас на Вардар, комапанијата Моцарт донираше милион денари

За спас на Вардар, комапанијата Моцарт донираше милион денари
Скопје, 7 април 2021 (МИА) - Компанија „Mozzart“ пред неполн месец се придружи на навивачката група Комити во акцијата за спас на Вардар, каде со секој уплатен тикет на кој се наоѓа натпревар на „црвено-црните“ се зголемува фондот за донација на клубот којшто се соочува со тешка финансиска ситуација. - Сите играчи кои ги имаа натпреварите на Вардар кои ги одигра во последните 2 недели (против Шкендија на 20.03 и против Пелистер на 04.04), придонесоа кон вкупниот фонд кој се донира на овој клуб – 1.000.000 денари. Не беше важно како ќе типуваат, важно беше само да ги имаат „црвено – црните“ на својот тикет! Оваа акција беше добра шанса играчите да почувствуваат поддршка од своите навивачи во овие тешки моменти, а сите одиграни тикети на кои беше и Вардар, го зголемија износот на донацијата на „Mozzart“, соопштија од компанијата. Од „Mozzart“ се надеваат дека со оваа акција преку која донираа 1.000.000 денари на „црвено-црните“ ќе помогнат на клубот и ќе придонесат во олеснување на ситуацијата во која моментално се наоѓаат. зс/

Остани поврзан