За седум дена санкционирани 116 непрописно паркирани виозила на територија на општина Центар
- ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 24-ти до 30 март со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 116 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Скопје, 1 април 2025 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 24-ти до 30 март со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 116 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Од ЈП ПОЦ и Општина Центар најавуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците. сст/са/
Фото ЈП ПОЦ