• сабота, 18 мај 2024

За прв пат по 20 години, второто коло од НБА плејофот ќе помине без Леброн, Кари и Дурант

За прв пат по 20 години, второто коло од НБА плејофот ќе помине без Леброн, Кари и Дурант

Лос Анџелес, 30 април 2024 (МИА) - За прв пат по две децении, второто коло од плејофот на најсилната кошаркарска лига на светот ќе помине без водечките играчи во последните години Леброн Џејмс, Стеф Кари и Кевин Дурент.

Лејкерс на Џејмс и Феникс на Дурент испаднаа во првото коло. 

Голден Стејт на Кари не успеа да се пласира во плејофот, губејќи во првиот плејин натпревар.

Пласман во плејофот досега изборија Оклахома Сити тандерс, Денвер нагетс и Минесота тимбервулвс. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан