• понеделник, 23 декември 2024

За прв пат од 1999 година, првите три носители на Мастерс загубија во својот прв натпревар

За прв пат од 1999 година, првите три носители на Мастерс загубија во својот прв натпревар
Монтреал, 11 август 2022 (МИА) - Првите тројца фаворити на Мастерсот во Монтреал загубија во својот прв натпревар на турнирот. Даниил Медведев (1) загуби од Ник Кирјос, Карлос Алкарас (2) од Томи Пол, а Стефанос Циципас (3) од Џек Дрејпер. Последен пат првите три носители на Мастерс беа елиминирани по првото коло во 1999 година во Индијан Велс. Тогаш тоа беа Пит Сампрас, Евгениј Кафелников и Алекс Кореча. Генерално, до третото коло во Монтреал, останаа тројца најдобри од Топ 10: Каспер Руд (7), Феликс Оже-Алиасиме (9) и Хуберт Хуркач (10). По ваквиот епилог, Надал на 22 август може да го престигне Медведев и да стане прв светски рекет по Мастерсот во Синсинати.  Русинот не одбрани 1.000 поени на Мастерсот во Монтреал Во понеделник, на најновата ранг-листа, тој ќе има само 125 поени предност пред Александар Зверев, но Германецот нема да може да го помине бидејќи ќе го пропушти Мастерсот во Синсинати, каде треба да ја одбрани титулата и 1.000 поени. Но, Рафаел Надал може да стане лидер на рејтингот. За да го направи ова мора да ја освои титулата, а Медведев да загуби пред четвртфиналето. зс/

Остани поврзан